Skip to main content

Вардар-Шкендија ќе играат следната недела во најголемата жештина

 Фудбалските прволигаши следниот викенд ќе го продолжат новото првенство со натпреварите од второто коло. Според распоредот дербито меѓу првакот Вардар и Шкендија Тетово ќе се игра во недела на 9.август со почеток во 17 часот, а во истиот термин ќе се игра и дуелот меѓу Скопје и Струга Трим Лум.

Во првиот дуел од втората рунда во петок на 7.август од 17 часот ќе играат Шкендија Арачиново и Силекс, додека два дуела во два термина ќе се играат на 8.август во сабота.

Башкими во Куманово ќе го пречека Тиквеш, а почетокот е во 17 часот, додека во вечерен термин (19 часот) под рефлектори ќе се игра дуелот во Штип меѓу Брегалница и Арсими

Поврзани вести