Skip to main content

Кина почна воени вежби во Тајванскиот Теснец

pixabay

Кинеската армија почна дводневна воена вежба со боева муниција во Тајванскиот Теснец.

Вежбата се изведува во крајбрежните води источно од островот Донгшан во покраината Фуџијан, во територијалните води оддалечени 12 наутички милји од брегот на Кина.

Тајванскиот Теснец е широк 180 километри и се наоѓа помеѓу Кина и Тајван.

Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те на минатонеделната годишната конвенција на владејачката Демократска прогресивна партија, истакна рече дека Тајван „не е подреден на Народна Република Кина“, дека никогаш нема да дозволи „демократскиот Тајван да се регресира во кинески Тајван“ и ги повика членовите да „се спротивстават на црвениот терор на Пекинг“.

Неговата изјава предизвика остри критики од Пекинг. 

Поврзани вести