Skip to main content

Во земјотресите во Венецуела загинаа 589 луѓе, а речиси 3.000 се повредени

Во двата разорни земјотреси во Венецуела загинаа 589 луѓе, а повредени се 2.980, соопшти денеска вршителот на должноста претседател Делси Родригез.

Taa ja даде изјавата опкружена со официјални лица и воен персонал, поздравувајќи го пристигнувањето на спасувачките екипи од целиот свет во Венецуела.

Ќе ги спасиме луѓето што се заробени. Неуморно работиме на оваа задача, рече Родригез.

Таа истакна дека венецуелската држава Ла Гваира е најтешко погодена од земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени што ја потресоа земјата завчера вечер.

Додаде дека ситуацијата таму е под контрола на војската додека спасувачките екипи бараат преживеани и дистрибуираат храна и вода. 

Поврзани вести