Skip to main content

Поради делегација од Косово утре посебен режим низ Скопје

Поради посета на делегација од Косово утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.

Како што соопштува МВР, на 27.10.2026 (вторник) во официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, велат од МВР.

Поврзани вести