Skip to main content

„Мистична Македонија – музеј под отворено небо“: Предавање за тајните на древната македонска земја

Од кога човекот живеел на територијата на денешна Македонија, какви тајни кријат нејзините древни предели и што можат да ни откријат цивилизациските слоеви од минатото? Овие прашања ќе бидат во фокусот на предавањето „Мистична Македонија – музеј под отворено небо“, кое на 6 ноември ќе се одржи во Свети Николе.

М-р Никола Ристевски за првпат пред пошироката домашна јавност ќе ја претстави својата мултимедијална презентација посветена на природните ресурси, културното наследство и економскиот потенцијал на Македонија, по успешните претставувања во Хрватска.

Настанот ќе се одржи на 6 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, во големата сала на Киноверзум и Меѓународниот Славјански Универзитет „Свети Никола“ во Свети Николе.

Предавањето нуди патување низ времето и просторот, во кое Македонија се претставува како музеј под отворено небо, со богато природно и културно наследство и траги од различни цивилизации. Преку мултидисциплинарен пристап, присутните ќе имаат можност да ја истражат врската меѓу митовите, науката и историското наследство на овие простори.

Настанот е наменет за истражувачи, студенти, културни и туристички работници, но и за сите љубители на историјата и мистериите кои сакаат да ја запознаат Македонија од поинаква перспектива.

Предвидени се 60 минути предавање и мултимедијална презентација, по што ќе следуваат 30 минути за прашања и одговори.

Поврзани вести