Skip to main content

19-годишна девојка загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Архива МВР

Уште една трагедија на македонските патишта. Доцна синоќа загина 19-годишна девојка која излетала од патот со возило.

Вчера околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат село Пиширово-село Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од село Црнилиште, светиниколско, управувајќи патничко возило „сеат“ со светиниколски регистарски ознаки, излетала од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот, Т.Д. починала, информираа од МВР.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Поврзани вести