Skip to main content

Груби ќе користи само македонски јазик во судењето против него

Започна судењето против поранешниот вицепремиерот Артан Груби и останатите обвинети за случајот “Лотарија”. Тие се теретат за криминал од 8 милиони евра со набавката на терминали за приредување игри на среќа. Делото за кое им се суди е злоупотреба на службената положба. Конкретно Груби е обвинет затоа што претседавал со седницата на која се донела одлуката.

Судиката Билјана Шуплиновска Јовеска го праша Груби дали ќе го користи правото на својот мајчин јазик во постапката. На тоа Груби се изјасни дека ќе го користи само македонскиот јазик но не и албанскиот.

Поврзани вести