Skip to main content
4OPjTs6-kmg

Во Фурка Заеви биле редовни гости: Во 2019 година Зорица пеела песни од познат грчки пејач додека пиеле вино и јаделе морски плодови

Ставрос Цимас, познат грчки новинарво книгата „Скриени аспекти на македонското прашање“ открива низа малку познати детали поврзани со Зоран Заев.

Па така Цимас пишува дека во летото 2019 година, кога тогашниот македонски премиер Зоран Заев, кој летувал на Халкидики, се сретнал со претставници на новата грчка власт на вечера во Фурка. Според Цимас, покрај политичките разговори, вечерта ја обележале добро вино, морски плодови и песни од познатиот грчки пејач Антонис Ремос, кои, како што наведува авторот, ги изведувала сопругата на Заев.

Настанот се случил непосредно по доаѓањето на власт на Константинос Мицотакис и неговата партија Неа демократиа, која претходно отворено се спротивставуваше на Преспанскиот договор. Во тој период во Скопје, Атина и Брисел постоела значителна неизвесност околу тоа каков ќе биде односот на новата грчка влада кон договорот и кон европската перспектива на Македонија, пренесе МКД.мк.

Според Цимас, дел од тие дилеми биле расчистени токму на вечерата организирана во вилата на Маргаритис Схинас во Фурка. Схинас, тогаш нов грчки комесар во Европската Унија предложен од владата на Мицотакис, подоцна стана потпретседател на Европската комисија.

Поврзани вести