Skip to main content

Штипјанецот Данил Николоски со бронза на Европскиот куп во Германија

Штипјанецот Данил Николоски се закити со бронзен медал на Европскиот куп „German Open“, кој се одржува во Хале Лајпциг, Германија.

Со овој успех младиот борец уште еднаш го потврди својот квалитет на меѓународната сцена.

Николоски ја освои бронзата во дисциплината Fighting System, во конкуренција до 21 година и во категоријата до 56 килограми (U21 -56 кг). Резултатот претставува значаен успех за македонското џиу-џицу.

Под водство на тренерот Христијан Јованов, штипскиот натпреварувач покажа борбеност, квалитет и висока посветеност, изборувајќи место меѓу најдобрите на европскиот подиум.

Овој медал е уште едно признание за трудот на Данил, но и потврда за континуираниот напредок на македонското џиу-џицу и за успешната работа со младите спортисти. Николоски е член на клубот „Осенсеи“, а бронзата од Германија е нова причина за гордост за Штип и за македонскиот спорт.

Извор: Ekspres.mk

Поврзани вести