Skip to main content

Даниела Алексовска лесно ја победи грчката ривалка на ФНЦ настанот во Скопје

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска забележа победа над Гркинката Мина Хаѕопулу на ФНЦ 34 настанот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонката славеше со прекин во третата рунда и уште еднаш го потврди својот потенцијал на големата сцена.

Алексовска успеа да ја собори противничката на земја, по што ѝ зададе серија од десет удари во пределот на главата. Хаѕопулу беше во тешка позиција и принудно се предаде, со што победата ѝ припадна на македонската натпреварувачка.

Македонката важи за една од најперспективните ММА натпреварувачки во регионот. Шест од нејзините девет претходни победи ги оствари со субмисија.

Извор: МКД.мк

Поврзани вести