Skip to main content

Иранскиот претседател Пезешкијан ги обвини САД за неуспехот на привремениот договор

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД за неуспехот на привремениот договор со Техеран, но рече дека треба да се направи нов обид за негово склучување.

„Водевме преговори, а кукавиците (Американците) сè уништија… Сè уште мислам дека треба да седнеме и да го финализираме“, рече Пезешкијан во изјава емитувана на државната телевизија.

Тој не прецизираше какви конкретни чекори ќе преземе Иран за обновување на разговорите, но нагласи дека според него, напорите за постигнување договор треба да продолжат и покрај неуспехот на досегашните преговори.

Поврзани вести