
Изложбата „Експериментален цртеж“ на ДЛУМ ќе ја види и белградската публика.
Изложбата „Експериментален цртеж“ работена на тема „Невидливи траги“, на Друштвото на ликовните уметници на Македонија која во месец април беше отворена во Музејот на Град Скопје, ќе има можност да ја види и белградската публика.
Делата на 42 уметници, членови на ДЛУМ ќе бидат претставени во македонскиот Културно –информативен центар во Белград, а на отворањето на оваа изложба, на 18 јуни со почеток во 20 часот, ќе говорат претседателката на ДЛУМ, проф.др.Јана Манева Чупоска, претседателката на Уметничкиот совет на Друштвото, проф. др. Маја Рауник Кирков и директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров.
Гостувањето на изложбата „Експериментален цртеж“ во Белград е поддржано од Министерството за култура и туризам како и од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија.
На неа, како и во Скопје ќе бидат изложени дела на: Јана Манева – Чупоска, Ицко Петрески, Ивона Велковска, Ацо Таневски, Гоце Божурски, Слободан Милошески, Златко Глигоров, Ангел Димовски Чауш, Душан Георгиевски, Марина Коцарева Ранисављев, Марија Мицова Гацова, Елена Гелева, Зулејха Зубери Али, Христина Хаџиева, Ненад Тонкин, Стефан Јакимовски – Стеф, Константин Качев, Елена Николоска Цветковиќ, Ристо Мијаковски, Иво Пецов, Стефан Анчевски, Наташа Андонова, Дијана Томиќ Радевска, Јана Јакимовска, Мирјана Крстева Массетти, Ирена Паскали, Стефан Хаџи Николов, Марина Цветановска Мартиновска, Дејан Иванов Маргуш, Љупка Галазка Василев, Нина Богуновиќ, Ана Ивановска, Татјана Ристовска Керакамика, Тања Балаќ, Маја Рауник Кирков, Марија Чепишева, Стефан Младеновски, Валентина Илијевска, Јовица Мијалковиќ, Златко Хаџи Пецов, Перо Кованцалиев и Слободан Живковски.
Изложбата „Експериментален цртеж“ веќе традиционално се одржува секоја година на повик на ДЛУМ, а за учество на неа, од пред две години заинтересираните автори ги доставуваат генералиите за своите дела како и фотографија во искреираната он- лајн апликација, по што следува жирирањето од страна на Уметничкиот Совет.

Македонски



