
16 јуни (вторник) 20 часот
Наслов на филмот: Андреј
Режисер: Немања Мариновиќ
Времетраење на филмот: 57 мин.
„Андреј“ е документарен филм на Немања Мариновиќ што ја следи приказната на млад геј човек, Андреј Обрадовиќ, кој бил малтретиран и злоставуван од полицијата кога таа упаднала во неговиот стан во Белград на 14 февруари, 2024 година. Преку лично искуство, архивски материјали и истражувачка работа, филмот отвора прашања за институционалното насилство, механизмите на замолчување и долгата и исцрпувачка борба за правда.
По филмот следува и дискусија.

Македонски



