Skip to main content

Во МСУ уметничка тура и промоција на каталогот за изложбата „Анархични дела“

Во четврток, на 18 јуни во 18.30 часот во Музејот на современа уметност, ќе се одржи промоција на фестивалскиот каталог/зборник текстови и тура со уметниците низ изложбата „АНАРХИЧНИ ТЕЛА: Согласност да не се биде едно“

Фестивалскиот каталог на #SPW2026, покрај документација од изложбата „Анархични тела“ содржи и избор на текстови од Рози Браидоти, Жак Рансиер, Бојан Манчев, Џек Халберстам, Пол Б. Пресијадо, Едуар Глисан, Дејвид Лојд и Саидија Хартман, за првпат преведени на македонски јазик во рамки на овогодишното издание на фестивалот.

По промоцијата ќе следи тура низ изложбата во придружба на дел од уметниците и кураторот Славчо Димитров, како можност за непосредна средба со делата, процесите и концептите што ја обликуваат изложбата.

Изложбата „Анархични тела: согласност да не се биде едно“ ги обединува делата на Дарко Алексовски, Ѓорѓи Десподов, Клелија Живковиќ, Христина Иваноска, Јован Јосифовски, Тереза Лазарев и Александра Петрушевска и Јане Чаловски, кои низ различни медиуми и пристапи го истражуваат телото како нестабилна, отворена и релациска форма на постоење.

Влезот е бесплатен, а секој посетител ќе добие и бесплатен примерок од Зборникот, велат организаторите.

Поврзани вести