Skip to main content

Анчелоти по ремито на Бразил со Мароко: Не сум задоволен, бевме многу нервозни

Facebook Carlo Ancelotti
Facebook Carlo Ancelotti

Селекторот на бразилската фудбалска репрезетација, Крло Анчелоти, по нерешениот резултат 1-1 во првиот натпревар од Групата Ц на Светското првенство против Мароко истакна дека тоа за Бразилците бил исклучително тежок натпреварот и имало голема нервоза во бразилските редови.

Не го почнавме добро натпреварот и не сум задоволен од тоа како изгледавме во првото полувреме. Сè беше доста нервозно од наша страна. Често ја губевме топката, немавме толку многу посед колку што сакавме и се боревме да останеме живи. Многу се подобривме во второто полувреме, од што сум позадоволен. Како што се очекуваше, ова беше тежок натпревар, Мароко уште еднаш покажа дека е многу добар тим. Мароканците се особено опасни во транзицијата“, изјави Анчелоти по натпреварот.

Мароканците одиграа одлично прво полувреме и имаа неколку опасни шанси покрај голот.

Освоивме бод и задоволни сме од нашата игра, од тоа како изгледавме на теренот. Не беше лесно, но не очекувавме ништо друго против еден од фаворитите на првенството. Ова е само почеток и мора да бидеме среќни“, изјави мароканскиот репрезентативец Ашраф Хакими. 

Поврзани вести