
На 7 декември 2026 година, 28 издание на фестивалот Таксират го носи своето големо
финале во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. На двете бини ќе настапат Morcheeba
(Велика Британија), Zoster (Босна и Херцеговина), Kadebostany (Швајцарија), Foltin, Smut,
Z++ (Хрватска), Alizade (Азербејџан), Raxon (Египет), Sure Shotz, KEM и Conspiracy.
Оваа година Таксират за прв пат се сели во „Јане Сандански“. Фестивалот кој започна
во МКЦ во 1999 година, 17 години живееше на Скопскиот саем, а потоа се пресели во
арената „Борис Трајковски“. За жал, една долгогодишна традиција е прекината, не по
наша волја. Но, Таксират продолжува, како и секогаш: позитивно, гласно и заедно со
својата публика.
Фестивалот, како и секоја година, не е само една вечер. Својот уникатен стил и
идентитет го задржува и оваа година. Програмата почнува на 26 ноември со
тридневната ПИН музичка конференција, Лузер фест и потрагата по најдобриот нов
млад бенд, како и соло-концерти на македонски артисти. Низ сите овие настани,
Таксиратскиот фестивалски дух и мисија за уметност во својата најчиста форма ќе биде
присутен.
Две бини, слободно движење и билет по иста цена за стоење и седење
Верна на традицијата на Таксират, салата ќе има две бини. Главната сцена е Smooth
stage, а втората Shorty P. Публиката ќе може слободно да кружи меѓу нив и да ја прави
сопствената вечер, како што тоа го прави веќе со децении на Таксират.
За прв пат во историјата на фестивалот во продажба ќе има два различни билети по
иста цена: еден за стоење и еден за седење. Секој посетител сам избира како сака да ја
доживее вечерта.
Цената на билетот е најповолна во европски рамки. Споредено со фестивалите од ваков
ранг низ Европа, Таксират секогаш давал најмногу на своите фанови, и така е и
годинава. Првиот бран на билети е по цена од 1500 денари.
11 АРТИСТИ ОД 7 ДРЖАВИ И 14 ЧАСА МУЗИКА ЗА 1500 ДЕНАРИ!!!
Билетите се веќе во продажба во продажната мрежа на MkTickets.mk
Изведувачите на големото финале: Зошто секој од нив е посебна приказна
MORCHEEBA (UK)
Легендите на трип-хопот доаѓаат специјално, како пријатели на „Пасворд продукција“, и
за прв пат настапуваат на Таксират. Бендот ги одбележува 30-те години кариера, а во
2025 година го објави албумот „Escape the Chaos“.
ZOSTER (BA)
Едно од моментално најголемите имиња на балканската сцена, бендот од Мостар, за
прв пат настапува во Скопје. Зад себе имаат пет студиски албуми, од „Ојужило“ (2005) до
„Најгори“ (2023), и химни како „Ко је јамио“, „Волио сам те“ и „Куда иду сви ти људи“.
Летово ги предводеа најголемите регионални фестивали, а секоја нивна турнеја е
синоним за полни сали.
KADEBOSTANY (CH)
Швајцарскиот проект има над 5 милијарди стримови ширум светот. „Castle in the Snow“
беше хит на топ-листите, нивната верзија на „Crazy in Love“ се слушна во „Педесет
нијанси сива“, а „Early Morning Dreams“ стана вирален на TikTok со над 3 милијарди
стримови. Настапувале на финале на Лигата на шампионите, а во Скопје доаѓаат со
новиот, петти албум „The Outsider“.
SMUT
Ексклузивно: 30 години SMUT ќе го прослават со ексклузивен и единствен концерт во
Македонија на Таксират Фестивал! Гигантите на македонскиот хардкор не застануваат и
се подготвени за уште еден настап со кој публиката ќе ја остават без здив.
ФОЛТИН
Магичната година која Фолтин ја имаа во прославата на својата 30 годишна кариера се
заокружува со настап на Таксират! Нивниот музички јазик најдобро го разбира нивната
публика, а овој пат Фолтин доаѓаат со еден куп новости, меѓу кој и најновиот проект Foltin
Re:Composed.Z++ (HR)
Осијечката ѕвезда Звонимир Хусњак, познат како Z++, се враќа на Таксират по
неверојатниот скок во неговата кариера. Неговите песни „Ljeto Već Je Gotovo“, „Седмо
небо“, „Кабриолет“ не само што беа инстант хитови, туку од година во година се
покажуваат како песни кои ќе останат евергрин на една генерација.
CONSPIRACY
Уште еден јубилеј се слави на Таксират. Треш металците за 10 годишнината го
заслужија своето место на Таксират со неуморна работа и неприкосновен звук. По
победата на Лузер фест и дебито „Dehumanized“, следуваше одличниот втор албум
„Заговор“, второ место на Wacken Metal Battle и победа на Зајечарската гитаријада.
Настап што не смее да го пропуштите на Таксират!
KEM
Скопските хип-хоп иноватори ќе имаат ексклузивна промоција во Скопје на албумот што
го објавија годинава – „vakamie“. Нивната креативност е ненадмината, а секој следен
албум и настап носат нешто неочекувано. Препуштете се на нивната енергија и ќе го
почувствувате ритамот на градот.
RAXON (EG)
Од Египет ни доаѓа техно продуцентот кој својата кариера ја продолжува во Барселона.
Издавал за најреномираните етикети: Cocoon, Drumcode, Diynamic и Kompakt. Вистинските
фанови на жанрот знаат што овие етикети значат на светската техно сцена. Пред да се
посвети на музиката работел како архитект во Дубаи, а во Европа се пресели на
препорака на Ернан Катанео. Raxon ветува незаборавен крај на 28 издание на Таксират
Фестивал!
SURE SHOTZ
Нема претставување за домаќините на Shorty P сцената на Таксират. Секогаш рамо до
рамо со екипата на Таксират, уште еднаш заедно ќе пуштиме музика на најгласно во
чест на нашиот Панчо.
ALIZADE (AZ)
Азербејџанската рап и поп ѕвезда го започна патот како пратечки вокал на Big Baby Tape,
а славата ја стекна со хитовите „Anormal“ и „24/7“. Во 2026 година го објави синглот „Stop
Smoking“, првиот од новиот албум „Rahat Music“, со спот снимен во Маракеш. Во Скопје ја
гледавме на ПИН Конференција, а реакцијата на публиката ни покажа дека го заслужува
местото на сцената на Таксират.

Македонски


