
Голем УФЦ спектакл е планиран за денеска на тревникот пред Белата куќа по повод 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и 250-годишнината од Декларацијата за независност.
Трамп ќе биде опкружен со членови на кабинетот, високи претставници на администрацијата, републикански пратеници и илјадници гледачи кои ќе ги гледаат борбите во специјално дизајниран осумаголен прстен со заштитна челична ограда, специјално осветлување и звучна опрема.

Илјадници луѓе ќе го гледаат спектаклот на боречки вештини на екрани поставени во парк недалеку од Белата куќа.
Американските медиуми предупредуваат на прогнозата и временските услови кои би можеле значително да ги расипат плановите за прославата.

Македонски



