Skip to main content

Спречен напад врз UFC спектаклот на роденденот на Трамп

Американските служби спречиле напад со дронови и снајперисти врз боречкото шоу што претседателот Доналд Трамп го организираше во Белата куќа во неделата.

Уапсени се пет лица. Кај осомничените се пронајдени пушки, детални мапи и шифрирани разговори за бегство и безбедно засолниште по нападот.

Не се ни приближија до точката на извршување“, изјави потпретседателот Џ.Д. Венс.

Уапсениот Тајсен Пропер, 19-годишник од Охајо, го пријавила неговата мајка, загрижена откако купил огнено оружје. Признал учество во заговорот, кој наводно бил планиран за да поттикне „револуција“.

Според него, дронови требало да исфрлат експлозив над северната страна на Белата куќа за да предизвикаат паника, а снајперисти требало да пукаат во луѓе при евакуацијата.

Пропер посочил по име неколкумина републикански пратеници како цел на нападот, затоа што добиле донации од лобисти што го поддржуваат Израел.(МИА)

Поврзани вести