Skip to main content

Франција и Белгија домаќини на Европското првенство за ракометарки во 2030

Лого / фејсбук

Франција и Белгија заедно ќе го организираат Европското првенство во ракомет за жени во 2030 година, објави Француската ракометна федерација (FFHandball).

Откако машкото Европско првенство во 2029 заедно го организираме со Германија, а организацијата на Европското првенство за ракометари во 2032, исто така, им беше доделена на Франција и Германија, Француската федерација ја потврдува својата водечка улога на европската и глобалната ракометна сцена“, се вели во соопштението на „FFHandball“.

Градовите домаќини сè уште не се објавени и ќе бидат познати подоцна.

Објавата дојде за време на завршниот турнир од Лигата на шампиони за мажи што овој викенд ќе се игра во Келн.