
Цели шест часа скопската обиколница беше затворена за сообраќај поради тешката сообраќајна несреќа во која, според информациите на „Alsat“, четири лица го загубиле животот по директен судир меѓу автомобил „бмв“ и камион со косовски регистерски таблици. Според телевизијата, возачот на камионот, кој преживеал, најверојатно поради замор преминал во спротивната лента и се судрил со автомобилот, кој веднаш се запалил.
Се очекуваат повеќе детали од МВР.
ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот на патниот правец Велес – Тетово од клучка Мирковци до клучка Приштина заради случена сообраќајна незгода.
Сообраќајот е нормализиран од 05:30 изутрината.

Македонски


