
Албански, американски и знамето на Европската унија се вееја денеска во центарот на Скопје, каде како што беше најавено од 16:30 часот под мотото „Придружете им се на студентите – сите со еден глас“ пред Камениот мост во Скопје протестираа студенти од универзитетите во Македонија кои бараат да се полага правосудниот испит на албански јазик.
„Мирниот протест“, како што самите студенти го карактеризираат низ Скопје прошета политички и националистички пораки, а „мирно“ се скандираше и „УЧК,УЧК“. Поддршка на протестот дадоа пратеници и високи членови од политичката партија ДУИ, а маршираа и лица дојдени од Косово.
За крај, вториот протест со кој се бара полагање на правосуден испит во Македонија на албански јазик, заврши со групна тепачка.
Повеќе фото тука

Македонски

