
На Сумскиот фронт, украинските позиции се соочуваат со нехигиенски услови, појава на глодари и паднат имунитет кај војниците, што доведува до ширење на хантавирусот меѓу единиците на терен.
Како што пренесува новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на свои извори за состојбата на боиштето во Украина, загрижувачката здравствена состојба со вирусот е веќе евидентирана во повеќе региони.
„На Сумскиот фронт, украинските позиции се мачат со глодари, нехигиенски услови и ослабен имунолошки систем, што придонесува за ширење на хантавирусот. Оваа информација ја потврди и киевската лекарка Ирина Семенова, која изјави дека хантавирусот е широко распространет меѓу припадниците на украинските вооружени сили на овој фронт“, тврди изворот на агенцијата за состојбата на боиштето во Украина.
Претходно, безбедносните сили известија дека заразените украински војници со овој вирус не добиваат соодветна медицинска нега, поради наводна забрана воведена од страна на воените команданти во Харковската и Сумската област.
Во меѓувреме, ТАСС додава дека меѓу украинските граничари кои се стационирани во Черниговската област веќе се регистрирани и редовни смртни случаи како последица на хантавирусот.
За тешките здравствени проблеми во редовите на украинската армија реагирале и странските платеници, кои во своите поплаки истакнале дека некои од војниците ја нарекле оваа појава „чума“.
Инаку, хантавирусите претставуваат специфична фамилија на вируси кои првенствено ги инфицираат малите цицачи, но под одредени услови можат да се пренесат и на луѓето.
Кај потешките форми на инфекција, заразените лица можат да претрпат сериозни здравствени компликации, како што се оштетување на белите дробови, срцева слабост и хеморагична треска.

Македонски

