Skip to main content

Ракометен празник – „Едно срце, една држава“

Во пресрет на вечерашниот дуел на македонските ракометари со Словачка, Ракометната федерација организира целодневен настан со цел популаризација на спортот број 1 во нашата држава на начин дополнително да ги доближи најмладите до ракометот.

Настанот се одржува под мотото „Едно срце, една држава“, а треба да биде празник за целото семејство. Покрај фан зоните на платото пред салата ќе бидат поставени и два ракометни гола за шутирање, потоа ќе се одржува турнир во мини ракомет, сето тоа ќе биде збогатено и со музика и со многу награди од страна на спонзорите на РФМ.

Сепак настанот нема да биде само за децата повикот е до целото семејство и на тој начин преку овој ракометен празник целото семејство да биде на едно место.

Настанот ќе стартува во 14 часот, а ќе заврши со ракометниот натпревар меѓу на македонскиот национален тим против Словачка.