
Бугарската пејачка Дара е победничка на овогодинешното издание на Евровизија 2026, кое синоќа се одржа во Виена. Со енергичната песна „Бангаранга“, Дара успеа да ги освои и публиката и жирито, освојувајќи вкупно 516 поени.
По речиси четиричасовна неизвесност и напната атмосфера до самиот крај, Бугарија ја однесе победата, оставајќи зад себе силна конкуренција од повеќе европски и светски земји.
Второто место го освои Израел со пејачот Ноам Бетан, додека третата позиција ѝ припадна на Австралија. Меѓу земјите кои исто така постигнаа значајни резултати се најдоа и Италија, Финска, Данска и Молдавија, чии претставници добија високи оценки од гласачите.
Оваа година Евровизија донесе динамично шоу, со разновидни музички стилови и впечатливи сценски настапи, а победата на Бугарија веќе се смета за едно од најзапаметените изданија во последните години.

Македонски

