Skip to main content

Тежок судир ноќва во Капиштец, уапсен возач од Италија

Ноќва во 00:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓорѓов“ и ул.„Народен Фронт“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа“ со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Ч.(27) од Италија, со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.А.(23) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „дачиа“ и неговиот сопатник И.А.(27) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје.

По наредба на јавен обвинител, Џ.Ч. е лишен од слобода во врска со член 300 од Кривичниот законик (Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот). Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести