Skip to main content

Творештвото на Сергеј Андреевски претставено во средно уметничко училиште во Чешка

Македонскиот уметник Сергеј Андреевски вчера им го претстави своето творештво на учениците од средното уметничко училиште во Либерец. Андреевски сликаше во живо, следен од гитарата на Проф. Јиржи Принц, а потоа одговараше на бројни прашања од љубопитната публика. Воедно, во училишното студио за сито печат, македонскиот уметник го демонстрираше својот начин на спонтана изработка на графика.

Претставувањето беше крунисано со гостување на Андреевски во училишниот поткаст, каде пошироко говореше за своето сликарско искуство, за почетоците, за важноста на мисијата да се биде уметник во светот денес, но и за македонската култура воопшто.

Ова е прво претставување на Андреевски во Чешката Република, а се реализира на иницијатива од меѓународно етаблираната фотографка Јана Хунтрова, којашто воедно е и професор по фотографија и аудиовизуелни техники.

Поврзани вести