
Македонскиот претставник во АБА натпреварувањето, ТФТ има уште една шанса за пласман во АБА лигата за следната сезона. Кошаркарите на ТФТ по загубеното финале со Широки (0-2 во добиени натпревари), сега ги очекуваат натпревари со екипата на Борац Чачак, која беше претпоследна во АБА лигата и сега двете екипи играат во разигрувањето.
– ТФТ игра извонредно оваа сезона, ги елиминираа Златибор и Сутјеска во плеј офот и беа на чекор до освојување на титулата во АБА 2 лигата. Тоа е екипа за респект. Играат брзо и ја користат секоја шанса преку контранапади да стигнат до лесни поени. Имаат и квалитет во играта „еден на еден“. Не очекува еден натпревар против исклучително силна екипа. Мора да дадеме максимум за првата победа во серијата, изјави тренерот на Борац Чачак Саша Оцокољиќ.
Првиот натпревар се игра во Чачак утре (четврток) со почеток во 20:30 часот, додека натпреварот број 2 се игра во Скопје во недела на 10.мај. Евентуалната мајсторка би се играла на 15.мај повторно во Чачак.

Македонски




