
Младинскиот македонски репрезентативец Ѓорѓи Цветковски и Американецот Накавион Вајт се најзаслужните за победата на ТФТ на отворањето на второто коло од М-Тел Супер кошаркарската лига. ТФТ во градското дерби го победи Скопје 2023 (порано Маџари) со 102:98.
Решавачката предност екипата на ТФТ ја направи во првата четвртина, која ја доби со 30:18. Сепак на крајот имаше неизвесна завршница во која гостите намалија на 92:90, но не направија пресврт.
Цветковски беше најефикасен со 24 поени, додека Вајт имаше „трипл-дабл“ – 11 поени и по 10 скокови и асистенции.
Другите четири дуели од второто коло ќе се играат во деновите од викендот.

Македонски


