
Претседателот на Украина предупреди дека надлежните украински служби регистрирале „невообичаена активност долж украинско-белоруската граница“.
-Вчера имаше некои прилично необични активности долж украинско-белоруската граница, на белоруската страна“, рече Зеленски во своето редовно дневно обраќање до нацијата.
Тој наведе дека Украина внимателно ја следи ситуацијата, дека држи сè под контрола и оти ќе реагира доколку биде потребно, но не изнесе дополнителни детали.
Украинското воено воздухопловство и граничните служби засега не дадоа коментар. Зеленски во последните недели упати апел до официјален Минск повеќе да не се меша во руско-украинската војна.

Македонски


