Skip to main content

Големо признание: Столе во идеалниот тим на колото во Примера

 Стандардниот голман на македонската фудбалска репрезентација се најде во идеалниот тим на изминатото коло во шпанското првенство.

Валенсија во 32 коло одигра нерешено 1-1 на гостувањето против Мајорка, а Димитревски беше најзаслужниот за освоениот бод.

Одличниот настап на македонскиот голман му донесе место во тимот на колото со оценка 8.8.

Валенсија е на 14 место на табелата со 36 бодови, само три повеќе од зоната на испаѓање и до крајот на сезоната ја очекува битка за опстанок во шпанската Примера

Поврзани вести