
Дојави за бомби пристигнале денеска во утринските часови во трговските центри Сараево Сити Центар и Алта Трговски центар во Сараево, објавија локалните медиуми.
„Истиот е-мејл е примен на различни медиумски и институционални адреси, што се однесува на тие два трговски центри. Беше следен протоколот за вакви ситуации – проверка на веродостојноста на содржината и ситуацијата на терен“, потврди за „Аваз“ Мерсиха Новалиќ, портпаролка на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон.
Повеќе информации ќе бидат познати во текот на денот.
Полициските службеници спречуваат влез во трговските центри сè додека не се потврдат сите информации.
Утрово во Сараевскиот кантон имаше неколку пријави за и во најмалку четири основни и средни училишта.
Како што потврди Кантоналната полиција, досега се примени пријави за поставени бомби во четири училишта, но не дадоа повеќе детали. Учениците се евакуирани од зградите каде што се примени пријавите, а полицијата спроведува контрасаботажен преглед на објектите.

Македонски


