Skip to main content
Прва фудбалска лига

Шкендија убедлива со Шкупи, Струга победи во Кавадарци

Фејсбук Шкендија

Победи за фаворитите на двата денешни натправара од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Шкендија славеше на домашен терен против Шкупи со 6:0, додека Струга го совлада Тиквеш во Кавадарци со 2:1.

Со новите три бода, Шкендија се врати на еден бод негатива во однос на лидерот Вардар, додека Струга се зацврсти на третата позиција со 56 бодови.

Тиквеш остана на 40 бода на 5. место, Шкупи кој го запиша 26-от пораз одамна ги загуби шансите за опстанок во прволигашката конкуренција.

Поврзани вести