
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва изјави дека е можно да се продолжат разговорите за прекин на војната со Русија, по дводневните разговори меѓу украинските и американските преговарачи во Мајами.
„Јасно е дека вниманието на американската страна во моментов е насочено првенствено кон ситуацијата околу Иран и тој регион, но оваа војна што Русија ја води против Украина мора да се заврши“, објави Зеленски на социјалните мрежи, по дводневните преговори меѓу американските претставници и делегацијата испратена од Киев во Мајами во саботата.
Зеленски додаде дека постојат знаци дека е можно продолжување на разговорите, а тоа би била многу добра вест, како и потврда дека дипломатијата функционира.
Членовите на украинската делегација се сретнаа со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
Извор: МИА

Македонски


