
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби останува во домашен притвор под строг 24-часовен полициски надзор, откако скопскиот Кривичен суд го прифати барањето на Обвинителството за продолжување на оваа мерка пред државниот празник објави 4News.
Поранешниот вицепремиер и министер по повеќе од 14 месеци бегство се врати на 23-ти февруари, но наместо затворски притвор поради безбедносни закани, обвинителството бараше, а судот додели домашен притвор. Груби е осомничен заедно со уште еден бегалец, екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами за злоупотреби со набавка на ВЛТ апарати при што МВР процени дека државата била оштетена за повеќе од 8 милиони евра.

Македонски


