
Полициски службеници и пожарникари попладнево го пребаруваат теренот околу кејот на Зрновска река каде во местото викано Ѓошевски во кочанското село Зрновци беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање, објави МИА.
Жената не е идентификувана, а причините за смртта се уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираа претходно денеска од полицијата и од ЈОРСМ.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река е пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ЈОРСМ информираше дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. Починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.

Македонски


