Skip to main content

Вучиќ и Мицотакис на Саем за вештачка интелегенција во Индија

 Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска е во дводневна посета на Индија каде што ќе учествува на Самит за вештачка интелигенција (India AI Impact Summit), а паралелно ќе се сретне и со премиерот на Индија Нерендра Моди. Во Индија е и претседателот на Србија, Вучиќ.

Од кабинетот на премиерот на Грција информираа дека учеството претставува „стратешки избор со високо политичко и геоекономско значење“, посочувајќи дека Самитот е централна меѓународна иницијатива за обликување на глобална политичка рамка за вештачката интелигенција, со акцент на општествениот и развоен импакт.

Додадоа дека Индија настојува да ја помести меѓународната дискусија од општи декларации кон конкретни резултати и опипливи партнерства, а „присуството на премиерот на Самитот ја позиционира Грција во јадрото на оваа транзиција, истовремено зајакнувајќи ја нејзината улога во глобалниот дијалог за вештачката интелигенција како мост меѓу Европа и Глобалниот Југ“.

– Грција активно учествува во обликувањето на рамката на новата ера, не како гледач, туку како ко-креатор, надградувајќи ја својата улога во прашањата поврзани меѓународното технолошко управување, информираа од кабинетот на Мицотакис.

На Самитот се очекува да присуствуваат над 20 шефови на држави и влади, како и претставници од над 60 земји, меѓународни организации и лидери на водечки технолошки компании.

Утре, на маргините на Самитот планирана е билатерална средба на Мицотакис со премиерот на Индија Нерендра Моди, а од кабинетот на грчкиот премиер потсетија дека по официјалните билатерални посети на високо ниво во 2023 и 2024 година, односите меѓу двете земји „влегоа во фаза на сеопфатна надградба на сите нивоа и Грција го засилува своето присуство во Индија со отворање на два нови конзулати во Мумбај и Бангалор“.

Нагласија дека Грција може да биде „стратешка, геополитичка и трговска порта на Индо-Пацификот во Европа, како и клучна точка на Коридорот Блиски Исток – Индија – Европа

Поврзани вести