
Во сабота, на 14 февруари, Скопје ќе биде центар на една од најочекуваните музички вечери оваа година. Сенидах за првпат ќе одржи солистички концерт во главниот град, и тоа во СЦ „Јане Сандански“, на датум што симболично ги слави љубовта, емоцијата и виното.
Вратите на СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат отворени од 19:30, а концертната програма започнува во 21:00 часот, што на публиката ѝ остава доволно време за пристигнување и за вовед во вечерта кога на сцената ќе застане една од најавтентичните и највлијателни артистки од регионот.
Иако сценографијата ќе биде сведена, музичкиот сегмент носи целосно нов момент: Сенидах ќе настапи со проширен бенд од повеќе од 15 музичари, вклучувајќи оркестар и четири гудачи, а нејзините најпознати нумери ќе бидат изведени во нови, специјално подготвени аранжмани. Токму оваа музичка надградба е еден од клучните адути на скопскиот концерт и елемент што првпат се открива за јавноста.
Скопје, слатко мое Скопје… На 14 февруари се гледаме во арената ‘Јане Сандански’…“, порача Сенидах во своето скорешно видеообраќање до македонските фанови, со што дополнително ја нагласи блискоста и емотивната врска што ја чувствува со оваа публика.
Концертот е во организација на SKYMUSIC продукција, а публиката може да очекува високо ниво на продукција, моќен звук и внимателно осмислен концертен тек, фокусиран на музиката и емоцијата, без дистанца меѓу артистот и публиката.
Влезниците се во продажба преку бесплатната апликација eFinity и платформата Wayin.mk.
14 февруари во Скопје не е само уште еден концертен датум – тоа е вечер резервирана за музика што се чувствува, за нови аранжмани што се слушаат првпат и за концерт што има амбиција да се памети долго по последниот аплауз.
1

Македонски



