
Во преполна сала и публика која од првите тактови ги пее нејзините песни во еден глас, Калиопи синоќа одржа концерт во Скопје, претворајќи ја музичката вечер во вистински спектакл исполнет со емоции и силна енергија.
На сцената настапи и детскиот хор „Пиколо“ кој во еден глас ја изведуваше нејзината најнова песна „Бебе“, во придружба од 12 музичари.

Со овој концерт Калиопи ја започнува својата мини турнеја во метрополите од поранешна Југославија, па по скопскиот, ќе одржи концерти и во Загреб, Белград, Љубљана, Сплит, Подгорица.


Македонски

