Skip to main content

Пензиите ќе се исплатат на првиот работен ден во новата година

Декемвриските пензии ќе бидат исплатени на првиот работен ден од новата година, 2 јануари 2025 (четврток), според редовниот термин.

Сепак некои од банките донеле одлука пензиите да се исплатат предвремено. Како што соопштуваат од Комерцијална банка сите оние лица кои ја земаат пензијата кај нив уште денес ќе можат да си ги подигнат пензиите.

Во Македонија има над 330.000 пензионери. Во време кога има поскапувања и додека трае потрошувачкото предновогодишно лудило и спремање на трпезата многу од пензионерите ќе ја дочекаат Новата година со празни сметки.

Поврзани вести