Од спортскиот центар „Борис Трајковски” информираат дека базенот во рамките на центарот е затворен и нема да работи поради голем дефект.
Поради голем дефект во машинскиот дел на базенот, тој престанува со работа денеска во 18 часот, сѐ до отстранување на дефектот во наредните неколку денови, сѐ со цел да ги заштитиме сите посетители и да избегнеме несакани ситуации. Активно работиме на решавање на проблемот и веруваме во негово брзо отстранување. Ве замолуваме за разбирање и однапред ви благодариме“, велат оттаму во објава на „Фејсбук“.