
35 години. Ни многу ни малку. Во историските книги волкав временски период се прескокнува. Освен ако не е бурен. А во Македониија секоја година е бурна, да не речам историска. Не за џабе се вели да не даде господ за живееш во здодевни времиња. А во Македонија ниту еден ден не е здодевен, туку историски, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Кога од немајкаде и ние направивме референдум на 8 септември 1991 година не ни претпоставуваме колку е тешко да се има своја, самостојна држава и дека соседите не се баш среќни поради тоа. Најмногу оние од југ и од исток. Така и ни почна независноста, со трговска блокада од Грција кога немавме капка бензин. Но преживеаме. Преживеа и првиот претседател Глигоров во атентатот кој и денеска не е решен. Но, на нашите драги соседи тоа не им беше доволно па побараа да го смениме знамето со сонцето од Кутлеш. Го сменивме, но ништо не се смени. Апетитите пораснаа. Tаман малку пркнавме ни дојдоа околу 300.000 бегалци од Косово. Тоа пак беше вовед за во 2001 година од истото тоа Косово да ни се увезе војна или воен конфликт како што е политички коректно да се каже. Војната во која Македонија политички капитулираше, ни го донесе Охридскиот рамковен договор кој ја промени државата засекогаш. На полошо се разбира. Тие кои ја предизвикаа војната станаа партија и беа власт долги години. Не можам да се сетам друг пример кога агресорот станува власт во државата. Но, во Македонија се е можно. Изгледа еден атентат на претседател ни беше малку како држава, па ни се случи и друг претседател да ни загине. Историјата ќе каже дали тоа беше атентат или авионска несреќа.

За сиве овие години не ни се случуваа само политички несреќи, туку и природни, но и пожари. Таква беше и поплавата во Стајковци која одзеде 22 животи. Го имавме и пожарот во Модуларната болница во Тетово кои кои живи изгореа 14 луѓе а виновен беше кабелот. Во 2016 година ни се случи и Шарената револуција која беше вовед во промената на името. Ах, да, меѓу трагедиите кои ни се случија како држава е и владеењето на Зоран Заев. Неговите седум години ќе останат забележани по два предавнички договори, со Грција и со Бугарија. Години во кои служевме за потсмев, и во кои дадовме се што можеше да се даде , име, презиме, историја. Политиката на Заев ja продолжија Димитар Ковачевски и Бујар Османи кои прифатија Француски предлог и внесување на Бугарите во Устав поради кои не можеме да почнеме преговори со ЕУ.
Последниве години почнуваме да заличуваме на држава. Веќе не коленичиме пред соседите.Но како судбината да си поигрува со Македонија па ни се случи тој 16 март 2025 година и пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и смртта на 63 млади луѓе. Од оваа трагедија уште не можеме да се опоравиме.
Кога ќе го вратам филмот во овие 35 години ретко може да се сетам на моменти кога сме биле горди како држава. Најголемата гордост како Македонци ја доживеаме преку спортот и музиката. Како да не бидеме горди на двете европски титули на Вардар, на Кометал, на четвртото место на кошаркарите, на петото на ракометарите, на пласманот на фудбалерите на Европското првенство. На Тоше, на Есма, Симон Трпчевски. Леле луѓе што направивме. Тоше песна песна македонија навива за нас….

Македонски


