Skip to main content

Нападнати три танкери во Ормуската Теснина

Британските поморски трговски операции – УКМТО (UKMTO) денеска соопштија дека три танкери биле цел на напад во јужниот дел од Ормуската Теснина.

Според УКМТО, два од трите брода што биле нападнати биле танкери, од кои едниот бил оштетен од левата страна, додека третиот брод бил танкер за течен природен гас (LNG), објавува иранскиот портал Вана.

УКМТО не прецизираше кога биле нападнати танкерите.

Објавата дојде еден ден откако портпаролот на иранската Револуционерна гарда, Хосеин Мохеби, изјави дека секој брод што ќе се обиде да помине низ Ормуската Теснина ќе биде оштетен, наведувајќи дека ќе биде нивна цел или ќе наиде на мина.

Две ноќи претходно, кувајтски супертанкер беше нападнат во овој воден пат.

Ормуската Теснина е блокирана од страна на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) од почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран кон крајот на февруари, за сите бродови што доаѓаат од непријателски земји во Иран, а американската морнарица оттогаш ја блокира Ормуската Теснина за сите бродови што доаѓаат од или одат кон иранските пристаништа.(МИА)

Поврзани вести