Skip to main content

Европа се соочува со мрачна зима, предупреди белгискиот министер за одбрана

Европа мора бргу да ја подобри противвоздушната одбрана бидејќи Русија продолжува со хибридни активности што претставуваат закана – изјави белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен.

Во следните месеци ќе има уште заканувачки хибридни активности. Европа ја очекува мрачна зима – рече Франкен пред учесниците на самитот за одбрана и вселената, организиран од „Евроњуз“ во Брисел.

Мора да ја зајакнеме противвоздушната одбрана, ни требаат поголеми резерви и зголемување на производството. Сè мора да се одвива побргу – додаде Франкен.

Белгија вчера потпиша договор вреден речиси 1,04 милијарди долари со норвешката компанија „Конгсберг“ за набавка на системи за противвоздушна одбрана НАСАМС (NASAMS), што е дел од нејзините напори за зајакнување на сопствениот одбранбен систем.(МИА)

Поврзани вести