
Дирекцијата за култура и уметност Ве известува дека концертот „Впечатоци од Шпанија“, кој требаше да се одржи на 08.11.2025г. (сабота), се презакажува за на 14.11.2025г. (петок), поради здравствената состојба на еден од изведувачите. Концертот ќе се одржи во Салон 19 19 (Културно информативен центар) со почеток во 20 часот.
Настапуваат Миреиа Пинто – мецосопран и Владислав Броневецки – пијано, од Шпанија.
Концертот „Впечатоци од Шпанија“ ќе биде уметничко патување низ дела на европски композитори, чија инспирација биле нијансите и нотите на шпанските танци, гитарските ефекти и хармониите.
Настанот е во соработка со Skopje Classic и влезот за истиот е слободен.

Македонски







