Skip to main content

Македонската публика повторно ги доживеа во живо музичарите чиј препознатлив звук и моќни гитарски рифови го обликуваа хард-рокот и влијаеја врз бројни музички генерации

Една од највлијателните рок-групи на сите времиња, легендарните „Дип парпл“ (Deep Purple), синоќа настапија во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамките на својата проштална светска турнеја. „Дип парпл“ ѝ приредија на скопската публика рок-вечер исполнета со песни што одамна станаа класици. Концертот е дел од прошталната светска турнеја на групата, што му дава посебно значење на нивниот настап пред македонската публика.

Многубројната публиката имаше можност во живо да ги слушне безвременските хитови што оставија неизбришлива трага во историјата на рок-музиката.

„Дип парпл“ зад себе имаат милионски тиражи на албуми, илјадници концерти и песни што со децении ги поврзуваат различните генерации љубители на рокот. На скопската сцена синоќа можеа да се чујат некои од нивните најпознати нумери, меѓу кои „Hush“, „Highway Star“, „Smoke on the Water“, „Lazy“, „When a Blind Man Cries“ и „Black Night“.

Поврзани вести