
Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана, Владо Мисајловски одржа прес конференција.
Македонија е обоена во црвено од Кочани до Кичево, од Брвеница до Валандово. Граѓаните го направја вистинскиот избор, со освоени 54 општини и Градот Скопје. ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори, рече Мисајловски.
Тој истакна дека владината коалиција на овие избори докажа дека е повеќе од стабилна и легитимна со вкупно освоени 66 општини од вклупно 81.
Оваа победа е голема одговорност и обврска за работа и испорачување на резултати, рече Мисајловски.

Македонски






