
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска оставри средба и им посака добредојде на новиот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, и на новото одбранбено аташе, полковникот Кемал Башол.
Со Република Турција имаме интензивна и плодна одбранбена соработка чиј резултат е посилна Армија и поцврста безбедност. Благодарност до нашите турски сојузници за поддршката во развојот на воените капацитети на македонската Армија, особено преку Договорот за воено-финансиска соработка. Одбранбената соработка помеѓу Македонија и Турција е пример за тоа како треба да соработуваат две пријателски и сојузнички земји, вели Мисајловски.
Министерот посочува дека изминатите децении взаемната поддршка и соработка придонесе кон развојот на двете вооружени сили и кои денес активно придонесуваат и се гарант за зачувување на безбедноста и стабилноста во поширокиот регион.

Македонски


