Skip to main content

Изложба на Синиша Новески во Прилеп

На 24 октомври (петок) во 19 во Ликовната галерија на „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложба на дела од Синиша Новески. Изложбата е дел од годишната програма на ЦК „Марко Цепенков“ за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Изложбата на скулпторот и професор Синиша Новески содржи околу 20 скулптури во различни материјали,мотиви и тематики.Тие се работени во последните 20 години, али најмногу има од последниот негов циклус на скулптури наречен” Жар скулптури” кои се направени во дрво и се доста симболични и асоцијативни и на еден метафизички начин го прикажуват денешниот свет со елементи на македонската традиција и митологија. Тие како жар во дрвото зрачат со својата топлина и ја греат душата на посетителот и гледачот. Во неговите скулптури секогаш има некоја лиричност и порака, но и богата ликовност и естетика.Скулптурите се во мал галериски формат, но зрачат со нивната монументалност.

Синиша Новески во неговото творештво има околу 30 самостојни изложби во земјава и странство и е добитник на многу награди и признанија .Член е на уметничкиот совет на ДЛУМ и работи како професор на Факултетот за архитектура при МИТ универзитетот во Скопје.

Новески (роден на 6. септември 1978 г.) е академски скулптор и искусен педагог со повеќе од 20 скулптури изложени во јавни простори во Македонија, Србија, Бугарија и САД. Има изложено на 27 самостојни и повеќе од 45 групни изложби и има учествувано во повеќе од десет ликовни колонии и симпозиуми. Добитник е на 17 награди за сопствено уметничко творештво и за менторско-педагошко работење со студенти.

Поврзани вести