Skip to main content

Таравари: ГОБ „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека според него, ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар бекап за клинички центар.

Мислам дека ГОБ „8 Септември“ треба да биде втора клиничка болница во Скопје, меѓутоа треба да се дадат повеќе ингеренции. Мислам дека GOB „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар, нагласи министерот, одговбарајќи на новинарски прашања по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники.

На прашање до кога ќе биде паузирана изградбата на нов клинички центар, тој одговори:

Во 2025 сигурно не е планирано, 2026 ќе збориме и ќе ви кажаме доколку има нешто конкренто.

Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравство минатата недела изјави дека е во план ГОБ „8 Септември“ во Скопје да прерсне во регионален центар за болните од Скопје, Велес и Куманово.

Клековски кажа дека Владата планира да ја стави на пауза идејата за изградба на нов клинички центар поради демографскиот пад на населението, од една страна, но и неискористените капацитети на ГОБ „8 Септември“ кои можат значително да го растеретат постојниот Клинички центар „Мајка Тереза“.

Нам демографијата ни паѓа, со текот на годините имаме сѐ помалку население, така што мораме да ги погледнеме и бројките на осигуреници и на пациенти. Второ, дел од капацитетите не се искористени како што треба. Од сите постоечки капацитети во Македонија, најблиску до стандарди за нешто повеќе, вклучувајќи и за универзитетска клиника, има ГОБ „8 Септември“, рече Клековски.

ГОБ „8 Септември“ има 150 квадратни метри со болнички кревети наспроти Старата Градска болница, сегашна „Свети Наум Охридски“ каде што има нешто повеќе од 30 квадратни метри. Клековски вели дека во извештаи на Светската здравствена организација (СЗО) се споменува дека е потребна реорганизација на здравството.

Морам да кажам дека во „8 Септември“ се изведуваат методи кои не се изведуваат на Клиника. Тука гледаме најмногу потенцијал, со најмало вложување да добиеме најдобар одговор. Освен Онкологијата, мислам дека ќе бидат најавени нови проекти, како на пример Нефрологија – рече Клековски додавајќи дека за оваа идеја се потребни законски измени.

Поврзани вести