
Бидејќи не се под надзор на FDA (Администрација за храна и лекови на САД), многу додатоци на пазарот може да имаат недокажани ефекти, а за луѓето кои јадат разновидна и хранливо богата исхрана, тие честопати дури и не се неопходни. Загриженоста расте особено кога некои додатоци, наместо да помагаат, почнуваат да му штетат на здравјето.
Еден таков пример е куркумата, поточно додатоците во исхраната кои содржат високи дози од нејзината активна состојка – куркумин.
Иако куркумата е позната по своите антиинфламаторни и антиоксидантни својства, високите дози можат да бидат токсични за црниот дроб“, предупредува докторката д-р Синтија Одогву за Parade.
Таа додава дека е можно да се претера дури и со нешто здраво, особено ако додатокот содржи и пиперин (состојка на црниот пипер што ја зголемува апсорпцијата), што дополнително го подобрува ефектот. Иако има корисна улога во исхраната, додатоците во исхраната се друга приказна – тие содржат до десет пати поголема доза од препорачаната.
Првите симптоми на оштетување на црниот дроб често лесно се игнорираат.
„Оштетувањето може да се случи во рок од еден до четири месеци, без лицето да има никакви видливи знаци“, вели д-р Одогву. Во случаи кога се јавува, симптомите може да вклучуваат замор, болки во стомакот, темна урина, пожолтување на кожата и губење на апетитот.
Во потешки случаи, може да има повраќање крв, оток и значително губење на тежината, а потоа штетата е веќе сериозна.
Лекувањето зависи од степенот на оштетување.
„Ако црниот дроб е само благо или умерено засегнат, можно е целосно закрепнување“, објаснува д-р Одогву. Но, во потешки случаи, може да биде потребна трансплантација. Затоа таа советува: пред да започнете со земање додатоци од куркума, консултирајте се со лекар, направете основни тестови за црниот дроб и користете го во готвење, а не во капсули.